Ресторан

Ресторанот Домаќинска куќа е лoциран на стотина метри од прочуените Вевчански извори. Традиционалниот Македонски амбиент ресторанот го први единствен не само во Охридско -Преспанскиот регион туку и пошироко.



Во ресторанот можете да ги вкусите домашната пита, проја, витканик, кашаник како и домашното лепче од сопствената фурна. Сето ова можете да го залиете со домашно вино "Вевчанска крв" , домашна бела и жолта ракија од сопствената винарија - УНИФРИ. Пробајте го домашните пршути, кулен, панцета како и домашните сирења. Во сопствената фурна се печат јагниња, јариња, прасиња, ребра...



Ресторанот е со капацитет од 150 места распоредени во различни простори на три нивоа и поседува тераса од 110 места, заедно многу погодни за секаков тип на веселби и прослави.


Традиционално Вевчанско Луканче изработено
по рецепт на старите Вевчанки со добар вкус
и добра арома стара 1400 години.



Вевчанска тава со сува пиперка и  
вевчанско кромитче подготвена со 
добро свежо домашно месо. 


                     

Во ресторанот Домаќинска куќа можете повторно да уживате во помалку заборавените стари селски специјалитети. Еколошки чистата храна уште повеќе ќе ви го долови амбиентот на нашата вековна традиција.






Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја пружа МАКЕДОНИЈА.


ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

од 13-01 ди 14-01 Јануари секоја година
се одржува Вевчанскиот карневал, на кој учество земаат многу млади луѓе со своите уникатни идеи и маски. Неговите корени се уште од времето на...

АПАРТМАНИI
Домаќинска куќа поседува и 5 апартмани

Наместени во стилот на изворната Македонска соба ви овозможуваат пријатен престој и акомодација во секое време...