Традиционален Вевчански КАРНЕВАЛ

Традиционалниот Вевчански карневал се одржува на 13 и 14 Јануари секоја година.Овој карневал е член на асоцијацијата на карневали FECC и секоја година има гости од 50-тина држави ширум светот. Се одржува веќе 1400 години на Св. Василија заштитник на селото. На овој ден Мештаните ги пресликуваат случувањата во Македонија и светот за годината во поминување. Највеќе како инспирација се политичарите, јавните личности, бизнисмените и.т.н.



Една од специфичностите на овој карневал е што сите маски се изработуваат во тајност се до денот на карневалот, а по него сите маски се спалуваат.


Жените јавно не учествуваат на карневалот а единствените маски кои не се менуваат се маските кои припаѓаат на зетот, невестата, на глупавиот Август и на музичарите. Во вевчани ќе имате прилика да ги видите и Вевчанската валута и вевчанските пасоши кои се декларирани пред распадот на бивша Југославија кога Вевчани прогласува декларативна независност и автономија.



ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

од 13-01 ди 14-01 Јануари секоја година
се одржува Вевчанскиот карневал, на кој учество земаат многу млади луѓе со своите уникатни идеи и маски. Неговите корени се уште од времето на...

АПАРТМАНИI
Домаќинска куќа поседува и 5 апартмани

Наместени во стилот на изворната Македонска соба ви овозможуваат пријатен престој и акомодација во секое време...